Тешко повреден скопјанец откако врз него паднала приколка со дрва

1 min read

Министерството за внатрешни работи информораше дека вчера во 19.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје.

„По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19.00 часот додека работел со неговиот татко во с.Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете“, се вели во известувањето од полицијата. 

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер

Следно

Девет починати и над 3000 новозаразени од Ковид – Србија погодена од нов корона бран

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian