Машката штафета на Канада на 4х100 метри го освои златниот медал на Светското првенство што се одржува во Јуџин, САД.
Канаѓаните во финалната трка успеаја да слават со време од 37,48 секунди пред фаворитите за златото, штафетата на САД која мораше да се задоволи со сребрениот медал и тоа благодарени на Андре де Грас кој во последната измена успеа да го биде побрз од домашниот спринтер, Марвин Брејси.
Покрај Де Грас, златната штафета на Канада ја сочинуваат Ерон Браун, Џером Блејк и Брендон Родни. Штафетата на САД која задоцни седум десетинки зад Канаѓаните ја сочинуваа Кристијан Колмен, Ноа Лајлс, Илајџа Хол и Марвин Брејси.
Бронзениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија, додека Јамајка беше четврта.
И во финалето на 4х100 метри во женска конкуренција не победи фаворизираната штафета на Јамајка. Јамајчанките кои на трката на 100 метри ги освоија сите три медали во финалето завршија на второто место, додека подобри од нив беа спринтерките од САД.
Американките кои во финалето настапија во состав Мелиса Џеферсон, Еби Стајнер, Џена Пранини и Тваниша Тери победија со време од 41,14 секунди, што е трето најдобро време во историјата.
Штафетата на Јамајка, Кемба Нелсон, Илејн Томпсон-Хера, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон задоцнина само четири стотинки зад САД, додека на третото место се пласира штафетата на Германија (Татјана Пинто, Александра Бургхарт, Џина Ликенкемпер и Ребека Хасе).
Still not over this finish 🤯
Melissa Jefferson 🇺🇸, @abbysteiner1 🇺🇸, @J_Prandini 🇺🇸 and @TeeTeeTerry_ 🇺🇸 make the home crowd go crazy and strike women’s 4x100m gold for the USA!#WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/H9BGofdiIu
— World Athletics (@WorldAthletics) July 24, 2022
Португалецот Педро Пичардо е светски шампион во трискок победувајќи со скок од 17,95 метри. Пичардо со триумфот во Јуџин ги обедини светската и олимписката титула бидејќи триумфираше и на Игрите во Токио минатата година.
Второто место му припадна на Иг Фабрис Занго од Буркина Фасо чиј најдобар скок изнесуваше 17,55 метри, а последното место на победничкиот подиум му припадна на Кинезот Јаминг Џу со скок од 17,31 метри.
Кениецот Емануел Корир славеше во финалната трка на 800 метри. До победата во финалето Корир дојде во финишот, на 150 метри до крајот се проби на лидерската позиција и не дозволи да биде поминат до крајот и славеше со време од 1:43,71 минута. Благодарение на одличниот финиш, Џамел Сеџати од Алжир додека Канаѓанецот Марк Ароп го освои бронзениот медал.
Во финалето на 5.000 метри во женска конкуренција, првите пет места им припаднаа на атлетичарките од Етиопија и Кенија. Златото го освои Гудаф Чегај од Етиопија со време од 14:46.29 минути. Втора беше Беатрис Чебе од Кенија со време од 14:46.75, а трета беше Давит Сејаум од Етиопија 14:47.36.
Андерсон Питерс од Гренада ја одбрани титулата во фрлање копје откако во финалето славеше со 90.54 метри. Питерс до златото дојде во последната серија успеавајќи да го победи олимпискиот шампион Нирај Чопра од Индија кој беше втор со должина од 88,13 метри. Последното место на победничкиот подиум му припадна на Чехот Јакуб Вадлејч (88,09).