Ручек во недела: Ќофте во тава со зеленчук готово за 40 минути

2 mins read

Се зборува дека во светот постојат три главни кујни: турската, кинеската и француската. Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.

Овој специјалитет доаѓа од југот на земјата, од Антакија. Брзо се подготвува и е многу вкусен. Се разликува од класичното ќофте во форма на топчиња кое се пржи на загреано масло. Овој пат ви претставуваме рецепт на турско ќофте во тава.

СОСТОЈКИ:

– 500 гр мелено месо
– 1 јајце
– 1 кромид
– 2 парчиња леб
– 2 лажици путер
– 2 зелени пиперки и домат
– Бибер, ким, сол, кумин и свеж магдонос по вкус

Пред да започнете со подготовка на ќофтето одберете соодветен сад – тава за печење, но не поголем дијаметар од 28 см. Потоа натопете ги парчињата леб во вода и исцедете ги, исечкајте ги ситно кромидот и магдоносот и измешајте ги зачините во помал сад. Исечкајте ги зелените пиперки и доматот на покрупни парчиња.

ПОДГОТОВКА:

Ставете го месото во подлабок сад, додадете го миксот од зачини, натопениот и исцеден леб, ситно сечканиот кромид и магдонос и добро измешајте.

Премачкајте ја тавата со малку масло и убаво распоредете ја смесата со тапкање. Одозгора ставете го путерот, парчињата зелени пиперки и домат.

Печете 40 минути во рерна загреана на 250 степени. Кога ќофтето во тава ќе биде убаво испечено, заедно со зеленчуците оставете го малку да се излади. Исечете ги ќофтињата на парчиња како правоаголници и послужете ги со свежа зелена салата.

Предлог плус: За печење може да користите и тава за ролати и на тој начин да го обликувате месото како полу – ролат и откако ќе се испече да го исечете на кришки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гвардиола: Левандовски не беше „срцето“ на Баерн

Следно

СДСМ: Мицкоски призна дека фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian