Ракометарите преку Украина до петтото место на младинскиот ЕХФ шампионат

1 min read

Младинската репрезентација на Македонија го освои петтото место на ЕХФ шампионатот што се одржува во Варна, Бугарија откако денеска со 26:23 ја победи Украина. Ова беше втор дуел меѓу Македонија и Украина на шампионот, а првиот натпревар заврши без победник 23:23.

Почетокот започна израмнето, во воведните минути се играше гол за гол, а првиот удар го зададе Македонија која прв поведе со два гола предност (6:4). Но, Украинците имаа одговор, ја подобрија играта во одбрата и успеаја да направат пресврт и да поведат со 9:11.

Сепак, на одмор се замина со предност од два гола за Македонија (13:11) благодарение на пресвртот кој го иницираа Петковски и Михајловиќ кои дадоа три гола по ред.

Второто полувреме помина во обидите на Украинците да фатат резултатски приклучок како и во одличната игра на Македонија. Украина прво дојде до израмнување на 15:15, но во финишот избраниците на Бранко Ангеловски повторно ја презедоа контролата и направија четири гола предност (23:19).

Украинците намалија на минус два, но Тодески со последниот гол на натпреварот ги реши сите дилеми околу победникот.

Петковски беше најпрецизен со седум постигнати гола, Шулески даде пет, а Тодески постигна четири гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: Мицкоски призна дека фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата

Следно

До 5.000 долари за билет: Фановите на Брус Спрингстин бесни поради цените за неговата турнеја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian