Oва е најсмртноносното животно во светот: Досега убило 52 милијарди луѓе

1 min read

Најголемата закана за човечкиот вид нема никаква врска со опасните диви ѕверови. Кога ќе помислите на најсмртоносните животни во светот, веројатно помислувате на лавови, тигри, мечки и слични ѕверови.

Но, американскиот Центар за контрола и превенција на болести тврди дека животното кое претставува најголема закана за луѓето нема никаква врска со опасните диви ѕверови – комарците убиваат повеќе луѓе во светот од кое било друго животно!

Иако не ги сметаме за опасни туку само досадни, списокот на смртоносни болести со кои може да ве заразат комарците е прилично долг. Некои од најпознатите се маларијата, вирусот зика, денга треската, треска чикунгуња и вирусот Западен Нил, кои се пренесуваат со каснување од комарци и убиваат милиони луѓе секоја година.

„Во изминатите 200.000 години, на Земјата живееле околу 108 милијарди луѓе. Речиси половина, или околу 52 милијарди, биле убиени од комарци“, вели Тимоти Вајнгард, автор на книгата „Комарец: Човечката историја на најсмртоносниот предатор“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конте му е лут на Нагелсман поради Кејн, Баерн има план како да дојде до Англичанецот идното лето

Следно

Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian