Џорџ Р.Р. Мартин до револтираните обожаватели на „Game of Thrones“: „Не им верувам“

1 min read

Додека обожавателите со нетрпение го очекуваат објавувањето на серијата „Game of Thrones“, Џорџ Р.Р. Мартин отворено проговори за омразата на фановите, кои се уште се разочарани од финалето на серијата.

Иако последната сезона на „Game of Thrones“ беше емитувана пред речиси три години, фановите се уште се огорчени од разочарувачкото финале, па дури и направија петиција за римејк на осмата сезона, на која потпишаа 1,8 милиони луѓе.

Џорџ Р.Р. Во интервју за Холивуд Репортер, Мартин се осврна на бруталните коментари на фановите:

„Тоа е ***** токсичен интернет и оние подкасти кои кажуваат како осмата сезона оставила толку лош впечаток што луѓето велат дека никогаш нема да ја гледаат пак серии… веќе не им верувам“ – изјавил Џорџ.

Ова не е прв ваков коментар од креаторот на серијата, тој на сличен начин изјави во мај за „Independent“:

„Не разбирам како луѓето можат да мразат нешто што толку многу го сакале. Ако не ви се допаѓа шоуто, не го гледајте. Кога сè стана толку токсично?” – изјавил Р.Р. Мартин.

 

И покрај се, фановите се возбудени поради објавувањето на „House of the Dragon“ кој можеби ќе може да ги помири Мартин и фановите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Катастрофа на Леклер и Ферари, нова победа на Ферстапен

Следно

За неколку часа повеќе од илјада мигранти пристигнаа во Италија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian