Одбојкарската репрезентација на Франција за пат триумфира во Лигата на нациите, откако во финалето на завршниот турнир што се играше во Болоња беше подобра од САД со 3:2 во сетови и тоа 25:16,25:19,15:25,21:25,15:10.
Иако се чинеше дека Французите убедливо ќе слават во големото финале, Американците успеаја да се вратат во игра и да се изборат за одлучувачки петти сет. Интересно е што иако се играа пет сета, во ниту еден од нив немаше резултатска неизвесност.
Французите ги добија првите два сета со убедливи 25:16 и 25:19 и кога речиси сите помислија дека мечот ќе завршеше во три сета, се разбудија одбојкарите на САД. Третиот сет го добија 25:15, а четвртиот 25:21, но немаа сили за одлучувачкиот петти сет и на крајот Франција славеше со 15:10.
Најдобар во редовите на Франција беше Ервин Нгапет со 22 поени, Жан Патри освои 17 поени, додека кај САД се истакнаа Арон Расел со 20 освоени поени и Тори Дефалко со 13 поени.