Никогаш не оставајте го детето само во автомобилот на горештините!

3 mins read

Смртните случаи на мали деца предизвикани од топлотен удар во затворен автомобил најчесто се случуваат затоа што родителите забораваат дека ги земале со себе. Со горештините доаѓа и опасноста која многумина ја занемаруваат. Затоа сега е вистинското време уште еднаш да апелираме до родителите никогаш да не ги оставаат децата сами во автомобил. Никогаш и никаде. Особено не кога температурите се летни, пеколни.

Без разлика дали во автомобилот е топло или не, детето оставено само во автомобил со текот на времето почнува да губи кислород, што создава чувство на огромен страв. А, кога детето го фаќа паника, повеќе се поти, почнува да плаче, доаѓа до хистерично однесување, а сето тоа автоматски предизвикува бурна реакција, што дополнително предизвикува жед, хипертермија, несвестица, слабост. Во исто време, детето не размислува реално за времето и просторот, тоа не знае колку се пет или 15 минути. Најмалите реагираат импулсивно, преплашени се затоа што не знаат кога ќе се вратат мама или тато и сето тоа води до најстрашниот исход. Најлошо е во топлиот период, кога доаѓа до дехидратација.

Со скокот на температурата, симптомите се влошуваат. На температура од 27 степени, доволни се 25 минути за да се предизвика хипертермија, а 100 минути на 30 степени за детето да биде во животна опасност – симптомите вклучуваат халуцинации, вртоглавица и делириум.

Лекарите апелираат дека дури и температура од 18 степени е опасна за децата, особено за помалите, чии тела сè уште не се целосно оспособени за регулирање на температурата.

Правила кои се важни:

– Топлотниот удар е водечка причина за смрт кај децата помлади од 15 години во возилата, и тоа по сообраќајните незгоди.

– Топлотниот удар настанува кога телото не може доволно брзо да се излади.

– Детското тело се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен.

– Кога е оставено во врел автомобил, детето може да почине кога неговата температура ќе достигне 41,5 степени.

– Автомобилите брзо се загреваат! За само 10 минути, автомобилот може да се загрее за 6-7 степени.

– Секогаш проверувајте го задното седиште за да бидете сигурни дека сите деца излегле од автомобилот кога ќе пристигнете на вашата дестинација.

– Не постои „кратко време“ во текот на кое имате намера да го оставите детето во затворен автомобил во периодот со високи надворешни температури додека „за час“ не ја завршите работата.

– Оставете го мобилниот телефон или чантата на задното седиште за да ве потсети да го проверите задното седиште кога ќе пристигнете на вашата дестинација, особено ако возите повеќе од едно дете.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Рафиња со голчиште го реши „Ел Класико“

Следно

На „Табановце” за влез се чека 40-60 минути, а на „Богородица” за излез 30-40 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian