Мицкоски: Ги продолжуваме консултациите за формата на референдумот за преговарачката рамка

3 mins read

Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите и со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, дали задолжителна, консултативна. Кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците дали тоа ќе бидат граѓани, дали ќе биде претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор со Бугарија, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред одржување на Годишно собрание на партијата Демократски сили на Ромите (ДСР).

Мицкоски демантираше дека се соочуваат со внатрепартиски проблеми и оцени дека само референдумот може да покаже чии ставови се искрени.

– Несериозно е СДСМ да зборува за внатрепартиски проблеми, ВМРО-ДПМНЕ е обединето, цврсто како никогаш досега, очекуваме историски голема победа на изборите, СДСМ очекува историски рекорден пораз, еве ако е така ќе не победат на референдумот. Повелете на референдум, бидејќи ние имаме внатрепартиски проблеми, со нив е народот и направиле добар договор, има единствен начин да провериме, да не се плашат, само така јавноста ќе знае дали тие се во право или ние, потенцира тој.

За Мицкоски е загрижувачки тоа што одредени партии во опозицијата не се критички настроени кон власта, што, според него, остава сомнеж за тоа дали навистина треба да се идентификуваат како опозициски.

– Има една чудна состојба, а тоа е противници на ваквото референдумско изјаснување на граѓаните е власта и оние инсталации на власта во опозицијата. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозицијата и самата власт, истакна Мицкоски.

Запрашан дали при тоа мисли на опозициските партии на Албанците, Мицкоски истакна дека досега не го чул нивниот став по однос на идејата за референдум.

– Јас не сум слушнал став на партиите на Албанците во опозиција, но после тоа што го поддржаа оној лист хартија во Парламентот, имам дилема дали воопшто се во опозиција. Имам дилема каде припаѓаат тие, затоа што за да се идентификуваат како опозиција треба да се критички настроени кон постапките на власта, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, огромно мнозинство на граѓани без разлика на етничката припадност „се согласни да има референдум”.

– Огромно мнозинство граѓани се за референдумско изјаснување, бидејќи ова е од суштинско значајно за граѓаните. И повторно ќе кажам, македонската јавност да биде мирна, да бидат спокојни, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со неколкумина останати пратеници во Парламентот се чувари на идентитетот, рече Мицкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австриски диригент почина откако колабирал среде концерт

Следно

Папата замина за Канада да го пренесе извинувањето на црквата до домородното население за злоставувањата на нивните деца во минатото

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian