Мета: Беше чест и привилегија, посакувам се најдобро за татковината

1 min read

Неколку часа пред истекот на неговиот петгодишен претседателски мандат, Илир Мета преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук” изразува благодарност и им посакува се најдобро на Албанците.

„Беше извонредна чест и привилегија да служам овие пет години како претседател на Република Албанија. Им посакувам се најдобро на нашата татковина и нација! Мир и благосостојба за секое албанско семејство. Бог да ја благослови Албанија”, напиша Мета, постирајќи фотографија со неговите три деца.

Вечерва во 19:30 часот, тој, свечено, ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Бајрам Бегај, кој пред тоа на посебна седница на законодавниот дом, закажана за 18 часот, ќе положи свечена заклетва и ќе има поздравен збор.

Бегај (55), беше избран на 4 јуни во четвртиот круг од гласањето (во трите немаше кандидати) со 78 гласови „за”. До тогаш тој беше началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал.

Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот и е втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу (2002-2007), кој исто така по чин беше генерал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

До 5.000 долари за билет: Фановите на Брус Спрингстин бесни поради цените за неговата турнеја

Следно

Боливијците бараат селектор преку оглас!

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian