Лапорта најави враќање на Меси во Барселона: Наша должност е да му обезбедиме убав крај

1 min read

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изрази надеж дека приказната меѓу каталонскиот тим и најдобриот фудбалер во клупската историја, Лионел Меси, не е завршена и Аргентинецот еден ден повторно ќе се врати на „Камп Ноу“.

– Верувам, се надевам и посакувам приказната меѓу Меси и Барселона да не е завршена. Сè уште се е отворено, а наша обврска и одговорност е да му обезбедиме поубав крај од тој што го имаше – изјави Лапорта.

Лионел Меси од својата 13. па се до 33. година ги помина во Барселона, но минатото лето поради финансиските проблеми на каталонскиот тим си замина и потпиша за ПСЖ.

Лионел Меси одигра 778 натпревари за Барселона на кои постигна 672 гола и имаше 205 асистенции и освои 10 титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.

– Чувствувам дека сум му должен на Меси. Морално, како претседател на Барселона мислам дека го направив тоа што морав да го направам, но лично мислам дека му должам – додаде Лапорта во интервјуто за ЕСПН телевизијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тупанчески за РСЕ: Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

Следно

Австриски диригент почина откако колабирал среде концерт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian