Катастрофа на Леклер и Ферари, нова победа на Ферстапен

2 mins read

Актуелниот Формула 1 шампион Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Франција што се возеше на патеката „Пол Рикар“, додека возачот на Ферари Шарл Леклер доживеа катастрофа кога му болокираше левиот преден пневматик по што излета од патеката иако во тие моменти беше лидер на трката. Ова беше седма победа за Ферстапен годинава и вкупно 27 во кариерата.

Второто место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес кој денеска ја возеше 300 трка во кариерата, додека последното место на победничкиот пиедестал му припадна на вториот возач на германскиот тим, Џорџ Расел.

Најголем трагичар на трката е возачот на Ферари, Шарл Леклер кој до 18 круг имаше сигурно водство. Тогаш во 11 свиок се заби во заштитната ограда откако му блокираше левиот преден пневматик.

Оттогаш првото место го зазеде Ферстапен и не го испушти до крајот, а сигурен беше и Хамилтон на второто место. Третопласираниот Расел, до победничкиот подиум дојде во финишит од трката кога успеа да го претекне возачот на Ред Бул, Серхио Перез.

Од петтото до десеттото место се пласираа Карлос Саинс (Ферари), Фернандо Алонсо (Алпине), Ландо Норис (Мекларен), Себастијан Окон (Алпине), Даниел Рикиардо (Мекларен) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Наредната трка ќе се вози веќе следната недела за Големата награда на Унгарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дачиќ: Конститутивна седница на Собранието на крајот на оваа или на почетокот на следната недела

Следно

Џорџ Р.Р. Мартин до револтираните обожаватели на „Game of Thrones“: „Не им верувам“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian