И покрај тешката болест: Брус Вилис ужива кога танцува со ќерката

1 min read

Сопругата на актерот од „Умри машки“, Ема Хеминг Вилис се огласи на својот инстаграм – профил и сподели прекрасно семејно видео.

Во видеото е таа и најстарата ќерка на актерот Мејбел, која го учи својот татко како да танцува.

На популарната песна „About Damn Time“ од Лизо, Брус и Мејбел танцуваа кратко бидејќи актерот започна да се смее на популарната кореографија

„Тоа е силен викенд“, напиша Ема Вилис.

Позитивните коментари постојано доаѓаа: „ крал си“, „честитки, денес ми насмеа на лицето“ и „херој, те сакаме!“

Да потсетиме дека Брус Вилис неодамна објави дека се повлекува од актерството откако му била дијагностицирана афазија. Тоа е јазично нарушување предизвикано од оштетување на одредена област на мозокот што влијае на способноста за комуникација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Време е барем еден Мастерс турнир да се игра на трева

Следно

Тупанчески за РСЕ: Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian