Гвардиола: Левандовски не беше „срцето“ на Баерн

1 min read

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола по пријателскиот натпревар на неговиот тим против Баерн Минхен, го прокоментира заминувањето на Роберт Левандовски од баварскиот тим.

Левандовски минатата недела и официјално се пресели во Барселона по осум години поминати во Минхен, но поранешниот тренер на Баерн смета дека Полјакот иако беше најдобар играч, не бил „срцето на тимот“.

– Левандовски беше важен играч, но не беше „срцето“ на Баерн. Срцето на Баерн се Ноер, Милер и Кимих. Сите фудбалери сакаат да дојдат во екипи како што се Реал, Барселона и Баерн. Останатите мораат да платат повеќе – изјави Гвардиола.

Гвардиола седеше на клупата на Баерн Минхен од 2013 до 2016 година и освои три титули во Бундеслигата и две титули во Купот на Германија, но во Лигата на шампионите најголем дострел му беше пласман во полуфиналето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Непознат сторител „разубавил“ Мерцедес паркиран на противпожарен приод во Хрватска

Следно

Ручек во недела: Ќофте во тава со зеленчук готово за 40 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian