ФОТО | Нина Бадриќ „прекриена“ со бакнежи: Модниот избор на Нина Бадриќ остава без здив

1 min read

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот инстаграм – профил објави фотографија на кои позира во уникатен комлет составен од панталони, топ и палто. Модниот избор на пејачката и овојпат не остави без здив, особено денезенот на комплетот кој Нина го носеше на нејзиниот настап на популарниот „Fusion Festival“.

Фановите воодушевени од природната убавина на пејачката и модниот избор ја осипаа со комплименти.

Нина Бадриќ важи за една од најдобро облечените жени на Балканот, а притоа согласно приликата избира и гламурозни модни парчиња кои се во тренд. Пејачката често носи и деним – урбани брендови достапни за пошироката маса, но согласно поводите и елегантни парчиња облека.

Иако со нејзиниот глас и хитови „ги мами“ своите обожаватели на секој нејзин следен настап овој пат во фокусот на вниманието повторно беше модниот избор на пејачката.

Неодоливиот комплет со уникатен дезен со црвени бакнежи кој совршено ја следеше линијата на нејзината фигура. За изгледот да биде комплетен Нина во соработка со своите стилисти се одлучи за светкави високи потпетици, брановидна коса и очила со црвено стакло како моден додаток.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полски ММА борец загина во Украина каде се борел како платеник

Следно

ВИДЕО| Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, загрозено селото Ѓавато и ветерниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian