Ферстапен: Штета е што Шарл предвреме ја заврши трката, се надевам дека е добро

1 min read

Возачот на Ред Бул и актуелен шампион, Макс Верстапен, славеше на трката за Големата награда на Франција, остварувајќи ја седмата победа сезонава и вкупно 27. во кариерата.

Актуелниот шампион го искористи излетувањето на возачот на Ферари, Шарл Леклер во 18. круг, ја презеде лидерската позиција во трката  и не го испушти водството до крајот. Ферстапен славеше пред возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

– Од почетокот имавме добро темпо, вршев притисок врз Шарл. Се обидовме да останеме смирени, да бидеме блиску до него… Штета е што Шарл мораше предвреме да ја заврши трката. Се надевам дека е добро. Но, јас ја одработив мојата трка на вистински начин и се погрижив за гумите – изјави Верстапен.

Холанѓанецот е лидер во генералниот пласман со 233 бода, дури 63 повеќе од Леклер, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез е со 163. Наредната трка ќе се води следниот викенд и тоа за Големата награда на Унгарија на патеката „Хунгароринг“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета“

Следно

Водовод: Можен прекин на водоснабдувањето во две скопски населби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian