Фантастично деби на Миовски за Абердин, со гол и асистенција

1 min read

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на најдобар можен начин дебитираше за шкотскиот премиерлигаш Абердин.

Абердин во рамките на шкотскиот Куп славеше со 3:0 над Реит Роверс, а Миовски постигна гол и  имаше една асистенција во триумфот и покажа дека ќе биде големо засилување за шкотскиот тим.
Миовски уште во шестата минута изнуди пенал за Абердин кој го реализираше со одличен шут во горниот десен агол.

Асистенцијата ја забележа во финишот од првиот дел, поточно во 39 минута кога го проигра МекКрори кој зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Хејс на стартот од вториот дел, додека Миовски во 59 минута беше изваден од игра и за прикажаното доби овации од навивачите на Абердин.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Девет починати и над 3000 новозаразени од Ковид – Србија погодена од нов корона бран

Следно

ФОТО | Ана Ивановиќ се пофали со џиновски букет: Бастијан Швајнштајгер постојано ја разгалува својата сакана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian