Дознајте ја тајната на познатото француското јадење – рататуј

2 mins read

Француското јадење познато во целиот свет „рататуј“ (ratatouille) потекнува од Ница, а доживеало безброј варијации низ Европа!

Француското селско јадење, популарниот рататуј, некои веројатно никогаш не го пробале, но мислиме дека треба затоа што е навистина вкусен и здрав прилог.

Поради количината на зеленчук што се става во ова јадење, рататуј се карактеризира со игра на бои и вкусови бидејќи вкусовите на модриот патлиџан, тиквичките и пиперките се мешаат со фините зачини како мајчина душица, оригано и биберот.

Можете да го послужите како прилог на јадења со месо, но можете да го јадете и само со парче крцкав леб.

Состојки:

– 2 модри патлиџани
– 2 тиквички
– 2 пиперки
– 2 домати
– 50 мл маслиново масло
– мешавина од зачини (мајчина душица, рузмарин, ловоров лист, мајоран, жалфија, оригано)

За сосот:

– 1 голем кромид
– 500 мл сос од домати
– 1 лажичка шеќер, сол
– бибер во зрна

Подготовка:

Во сосот од домати додадете сечкан кромид, сол, шеќер, неколку зрна бибер, маслиново масло. Во садот за печење сипете го доматниот сос со кромидот, па врз него подоцна се реди зеленчукот.

Измиениот и исушен зеленчук исечкајте го на тенки кругови од тиквички, модар патлиџан, домат и пиперка. Зеленчукот наизменично редете го во круг, посолете, прелијте го со маслиново масло, посипете со мешавината од зачини. Преку садот ставете алуминиумска фолија.

Рататујот се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути, а потоа се вади алуминиумската фолија и се пече уште 15 минути.

Рататујот печен во рерна послужете го како предјадење, одлично се комбинира со овчо или козјо сирење со рустикален леб или како додаток на месо.

НАПОМЕНА: Зеленчукот треба да биде со слична големина за полесно и подобро да се вклопи при редењето. Овој рецепт навистина ќе ви се допадне.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Замената за Левандовски во Баерн е 17-годишен француски тинејџер

Следно

„Факти.бг”: Со „францускиот предлог” Бугарија доби само вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian