До 5.000 долари за билет: Фановите на Брус Спрингстин бесни поради цените за неговата турнеја

1 min read

Билетите за турнејата на легендарниот американски музичар Брус Спрингстин моментално чинат меѓу 4.000 и 5.000 долари, според специјализираниот софтвер за проценка на вредноста на билетите, што предизвика гнев кај неговите обожаватели, пренесуваат американските медиуми.

Како што пренесува „CNN“, на услугата „Тикетмастер“ цените на одредени билети изнесуваат од четири до пет илјади долари.

„Сигурен сум дека Брус Спрингстин нема да го види овој мој твит, но неговите менаџери треба да разговараат со криминалците кои го водат „Тикетмастер“ – е само една од бројните реакции на фановите на социјалните мрежи.

Турнејата на Спрингстин треба да започне во февруари следната година. Првиот концерт ќе се одржи во Амали Арената во Тампа, Флорида.

Си-Ен-Ен побарал коментар до тимот на Спрингстин, но тие допрва треба да се огласат. Треба да се напомене дека билетите за најоддалечените места од сцената чинат приближно 60. долари, но многумина тврдат дека биле пуштени само неколку билети за овие места.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарите преку Украина до петтото место на младинскиот ЕХФ шампионат

Следно

Мета: Беше чест и привилегија, посакувам се најдобро за татковината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian