Дачиќ: Конститутивна седница на Собранието на крајот на оваа или на почетокот на следната недела

3 mins read

Претседателот на српското Собрание и лидер на Српската социјалистичка партија (СПС), Ивица Дачиќ, денеска изјави дека конститутивната седница на Парламентот ќе се одржи на крајот на оваа или на почетокот на следната недела и нагласи дека со Српската напредна партија (СНС) следат конкретни разговори, јави дописникот на МИА од Белград.

Рокот за конституирање на новото свикување на српскиот Парламент истекува за неполни две недели, на 4 август.

– Роковите се такви што останува само обврската што ја имам како претседател на Собранието, да закажам конститутивна седница. Имајќи го тоа предвид, таа седница ќе се одржи на крајот на неделава или на почетокот на следната недела, изјави Дачиќ за РТС.

Според него, рокот за формирање влада почнува дури тогаш, 90 дена од моментот на конституирање на Собранието.

– Кога станува збор за парламентарното мнозинство, имавме разговори со претседателот на Републиката и заедно го изразивме нашето големо задоволство од резултатите што ги постигнавме во 10-годишната заедничка соработка, кажа Дачиќ.

Овие резултати, како што рече, се важни и за националното прашање и за меѓународните и економските и финансиските прашања и во таа смисла, како лидер на коалицијата СПС-ЈС и Зелените на Србија, изразил подготвеност за понатамошна соработка.

Како што истакна, договорено е во наредниот период конкретно да разговараат со претставниците на СНС за модалитетите на соработка.

– Сум извршувал многу функции и на сите овие функции сум бил во договор и разговор со претседателот Вучиќ. Така ќе биде и во наредниот период, а можеби и не. Не бегам од тоа. Во интерес на Србија е нашата соработка да продолжи, рече Дачиќ.

Што се однесува до евроинтеграциите, Дачиќ постави прашање дали тој го потпишал почетокот на преговорите на Србија со ЕУ и одговори: тоа беше во 2014 година, кога јас бев премиер. Тогаш го започнавме нашето европско патување.

– Не добив гласови поради Русија, туку затоа што ние дефиниравме: Вучиќ претседател, Дачиќ премиер – тоа беше мојата порака, потсети Дачиќ и додаде дека јавно кажал зошто се бори, дека не добил најмногу гласови, „кој добил најмногу гласови тој треба да предложи премиер, ако тоа е дел од политичкиот договор, подготвен сум, не е спорно тоа место да му припадне на СНС”.

Дачиќ порача дека „апсолутно е за евроинтеграции, кои мора да бидат чесни и фер за Србија”.

– Постапките на Западот кон Србија се она што ја турка Србија кон Русија, никој во Србија не сака да каже – не сакам во Европа или не сакам на Запад, но ако имате ситуација да ве принудат да се обратите на Русија, Кина и другите за помош, а тие го поддржуваат Косово или уништувањето на Република Српска, со тоа се предизвикува штета на односите во регионот, заклучи Дачиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вулкан еруптира во јужна Јапонија, наредена е евакуација: Алармот е зголемен на петто, највисоко ниво

Следно

Катастрофа на Леклер и Ферари, нова победа на Ферстапен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian