Челниците на Атлетико планираат да го ангажираат Кристијано Роналдо, но прво треба да го продадат францускиот репрезентативец Антоан Гризман, пишува „Тајмс“.
Англиските медиуми тврдат дека Роналдо следната сезона по секоја цена сака да игра во Лигата на шампионите и поради тоа е подготвен да се откаже од високата плата која моментно изнесува 420.000 евра неделно.
По завршувањето на минатата сезона, Роналдо јавно изјави дека не сака повеќе да остане во Манчестер јунајтед, а неговиот агент, Жорге Мендеш ги нуди неговите услуги на европските гиганти, но речиси никој не сака да го ангажира.
Можноста да потпишат со Португалецот ја отфрлија Челси, Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид, а единствен тим кој не кажа не е Атлетико Мадрид.
За да потпишат со него со Роналдо, челниците на Атлетико ќе мора да го продадат фудбалерот со најголема плата во тимот, Антоан Гризман и тоа претставува проблем бидејќи иако е понуден на бројни екипи, никој не го сака Французинот.