Активни неколку пожари предизвикани од гром

1 min read

Центарот за упрваување со кризи информира за неколку пожари вечерва предизвикани од гром.

Во кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце, а кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се предизвикани од удар на гром.

Во кичевското село Туин гори сува трева и нискостеблеста шума.
Помаѓу селата Голозинци и Лисиче, Општина Чашка, кај Велес, гори сува трева и нискостеблеста шума.
Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. И овој пожар е предизвикан од удар од гром, наведуваат од ЦУК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мрки во кревет покрај Гоца Тржан: Каде е сопругот на пејачката?

Следно

Лекарот на Бајден откри каква е здравствената состојба на американскиот претседател

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian