173 санкционирани возачи во Скопје, 71 за брзо возење

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол,  пет за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

skopjeinfo.mk

Претходно

На „Табановце” за влез се чека 40-60 минути, а на „Богородица” за излез 30-40 минути

Следно

Замената за Левандовски во Баерн е 17-годишен француски тинејџер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian