ВИДЕО | Спилберг режираше музички спот со својот мобилен телефон: Погледнете го ова дело на оскаровецот

1 min read

Познатиот американски режисер Стивен Спилберг за првпат во кариерата режираше спот за новиот сингл на Маркус Мамфорд, фронтменот на групата „Mumford & Sons“, објавија американските медиуми.

Во понеделникот, музичарот на својот инстаграм – профил објави дека видеото за новиот сингл ќе го режира никој друг туку оскаровецот Стивен Спилберг.

Интересно е тоа што Спилберг го користел само својот телефон за снимањето, додека му се придружила неговата сопруга Кејт Капшо, која е продуцент, како и продуцентката Кристи Мекоско Кригер, која работи со Спилберг од доцните 1990-ти.

„Во неделата на 3-ти јули, во една средношколска сала во Њујорк, Стивен Спилберг го режираше своето прво музичко видео на својот телефон“, напиша Мамфорд покрај трите црно-бели фотографии од снимањето, додавајќи: „Не можам доволно да ви се заблагодарам Кејт и Стивен“.

Стивен Спилберг е еден од највлијателните режисери на денешницата. Добитник е на три Оскари и награда за животно дело.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Поминаа 16 години од првата АТП титула на Ѓоковиќ

Следно

Реактивиран пожарот кај месноста Ралова Чука во Делчевско

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian