ВИДЕО: Шоу на Чурлинов, гол и две асистенции во триумфот над Валенсија

1 min read

Денеска во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипата на Штутгарт со 5:2 ја совлада Валенсија.

Во првото полувреме водеа Германците од 16 минута со голот на Томас, а по половина час игра Шпанците израмнија преку Маркос Андре. Непосредно пред паузата, Томас со својот втор погодок (44`) на средбата ја врати предноста на бундеслигашот.

Дарко Чурлинов играше во второто полувреме во кое покажа дека ќе биде еден од клучните играчи во составот на Пелегрино Матарацо во новата натпреварувачка сезона.

Македонскиот репрезентативец најпрвин ја запиша првата асистенција за 3:1 веднаш по неговото влегување во 46 минута, стрелец беше Силас.

Валенсија намали на 3:2 во 55 минута преку Маркос Андрес, а Чурлинов ја забележа и втората асистенција за 4:2, овојпат погодокот беше дело на Переа.

Конечниот епилог го постави Чурлинов кој им избега на противничките дефанзивци, избегна офсајд позиција, го издрибла и противничкиот голман за 5:2 во 90 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 300 загинати во петнеделните монсунски дождови во Пакистан

Следно

Болдвин и Депардје ќе снимаат филм на Косово – „Јас и Милошевиќ“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian