ВИДЕО | Преслатка мајка ретривер им носи играчка на своите кученца, тие не се заинтересирани

1 min read

Златниот ретривер Мила едвај чекала нејзините бебиња да ја видат светлината на денот. Неодамна родила седум кученца и според видеото кое се појави на „ТикТок“ одлично се снаоѓа во улога на мајка.

Таа знае сè, но не може да разбере една работа, не разбира зошто нејзините кученца не сакаат да си играат со неа.

Секогаш кога ѝ е здодевно, зема фризби играчка и им ја носи на своите кученца. Иако имаат само четири дена, таа не се откажува од идејата да се забавува. Покрај тоа, во видеото Мила изгледа малку разочарано во моментот кога ќе сфати дека нејзините бебиња повеќе би сакале да спијат отколку да бркаат фризби со неа.

„Мислам дека не сакаат да си играат, Мила. Уште не се доволно големи“, се слуша гласот на сопственичката на слаткиот златен ретривер.

Погледнете го видеото:

 

@eloisesmith_ The cries at the end though 🥹🥹🥹 #MilaPuppies #MamaMila #cutenessoverload #puppiesoftiktok #goldenretrievers #puppylove #fyp #dogtok ♬ original sound – EloiseSmith

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ренова сепак нема да се натпреварува во Првата македонска лига!?

Следно

Еди Рама : Можни се ресктрикции, немаме доволно струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian