ВИДЕО | Лажно тирамису, поевтино од оригиналот

1 min read

Тирамису е познат италијански десерт кој е популарен во целиот свет. Лесно се подготвува, а оригиналната верзија содржи маскарпоне и јајца, додека за „лажното“ тирамису се потребни поевтини состојки, а колачот е подеднакво вкусен како вистинскиот.

Познатото сирење заменете го со фил од ванила и подгответе фантастичен десерт кој ќе им се допадне на сите.

Состојки:

– 70 г шеќер
– 40 г пченкарен скроб
– 2 жолчки
– 500 мл млеко
– 8 г ванилин шеќер
– пишкоти
– малку кафе
– какао

Подготовка:

1. Шеќерот помешајте го со скробот, па додадете ги жолчките и малку млеко.

2. Добро соединете, па сипете го остатокот од млекото.

3. Откако ќе ги ставите состојките во сад, варете додека смесата не се згусне, со постојано мешање.

4. Додадете го и ванилиниот шеќер, добро промешајте и тргнете ја смесата од ринглата.

5. Пишкотите потопете ги во кафе, па наредете ги во калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија.

6. Одозгора сипете го филот, па повторно наредете пишкоти и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките.

7. Последниот ред треба да се пишкоти.

8. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади во фрижидер 3-4 часа.

9. Кога ќе биде готово, посипете со какао во прав.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Левандовски сѐ уште не е регистриран за каталонскиот клуб

Следно

Македонскиот јазик одамна не е „дијалект на бугарскиот“ – реагираат бугарски професори на декларацијата издадена од Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian