ВИДЕО: Борба со огнената стихија помеѓу селата Будинарци и Митрашинци, пожарот се уште активен

4 mins read

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи.

Како што информираат од ЦУК, од утрово, според податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги пожарот е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е, посочуваат, што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.

Според информации од РЦУК – Штип, во Општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште е активен. Вчера, во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи: ДЗС – 30 луѓе со 4 возила; ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила; ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило; Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило; ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возило, ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила; ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило;  ШС Виница со  5 луѓе и 1 возило; ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила и 15 лица од локалното население.

Од утринските часови денеска, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.

Во однос на други пожари во државата што биле службено регистрирани во последните 24 часа РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2. Скопската БППЗ имала и три останати помали интервенции.

РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција.

РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од два декари во с.Дедели. Во сите три случаи интервенирале со по два пожарникари и едно ПП возило.

РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци.

ТППЕ Охрид имала една мала интервенција.

РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија.

ТППЕ Кавадарци, со два пожарникари и едно ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Џенифер Лопез и Бен Афлек: Новиот брачен пар го избраа најромантичниот град за меден месец

Следно

Џонсон: Поддршката за Украина продолжува и со новиот премиер на Британија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian