Ѕвездата од „Baywatch“ им одговори на оние кои мислат дека е престара за да носи бикини: Ќе правам што сакам

1 min read

Дона Дерико, ѕвездата на „Baywatch“ им одговори на оние кои ѝ велат дека не треба да се фотографира во бикини на 54 години.

Потсетуваме, таа на 4 јули им го честиташе Денот на независноста на своите сограѓани во бикини со американско знаме.

„Многу жени се пожалија на моето видео од 4 јули затоа што мислат дека сум „подобра од тоа“, „престара за да носам бикини“ и „очајна“. Дозволете ми да ви кажам нешто што може да ве изненади. Можам да носам и да правам буквално што сакам. Кога веќе зборуваме за тоа, еве ја мојата нова фотографија на која носам бикини и чучам на масичка“, напиша таа.

Инаку, таа глумеше во серијата „Baywatch“ од 1996 до 1998 година. Таа позираше за насловната страница на магазинот „Playboy“ во 1995 година.

Таа беше водителка на шоуто „Battlebots“. Некои од филмовите во кои имаше и улоги се: „Intervention“, „Inconceivable“ и „The Making of Plus One“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јакимовски : Мицкоски и асистира на власта во предавствата на Македонија

Следно

Локализиран пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian