Рама му честиташе на Ердоган за постигнатиот Договор за извоз на украинското жито

1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама го коментираше постигнувањето Договор за извоз на жито од Украина во воена состојба, при тоа посебно честитајќи му на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Честитки до Турција и до претседателот Ердоган за одиграната клучна улога и нивните континуирани напори за постигнување на „Црноморската иницијатива” за извоз на жито од Украина.  Ова уште еднаш покажува дека дијалогот и дипломатијата се единственото средство за третирање и решавање на проблемите меѓу државите, напиша Рама на Твитер.

Претходно Европска Унија го поздрави Договорот за извоз на украинското жито, што вчера беше потпишан во Истанбул, оценувајќи го како „критичен чекор напред”. ЕУ ја поздрави и улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на Договорот.

По потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито претседателот на Турција, Ердоган изјави дека тоа ќе „спаси милијарди луѓе кои се соочуваат со глад” поради блокадата на украинските пристаништа.

– Овој Договор би можел да биде пресвртница што ќе ја оживее надежта за мир, истакна Ердоган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ХРВ: Руските сили вршат тортура врз воени затвореници и цивили во Украина

Следно

Овие луѓе се навистина посебни: Кој е најреткиот хороскопски знак?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian