Осма Винска регата по Тиквешкото Езеро: Спој на вино, риболов и туризам

1 min read

Во организација на здружението „Винотек”, кое се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам, денеска на Тиквешко Езеро ќе се одржи Винска регата.

Предвидено е во рамки на регатата со чамци да се минат триесетината километри низ Езерото, со цел, како што најавуваат организаторите, да се спојат виното со рибите, риболовот, манастирскиот и црковниот туризам, спелеологијата и планинарењето.

Регатата ќе почнеме од пристаништето, од каде ќе се плови до светски познатиот Полошки манастир и пештерната црква Свети Лазар, што се непроценливо културно историско богатство не само на регионот, ами и пошироко.

Во рамки на Регатата предвиден е и час по винска култура, во рамки на која меѓу останатото ќе се учи и како треба да се држи чашата кога се пие вино.

– Ќе ги споиме тиквешкото вино со атрактивните убавини во и околу езерската вода, појаснува за МИА, Панче Арсовски, директор на регатата, што годинава ќе се реализира по осми пат.

Тој нагласува дека сакаат на странските и домашни гости коишто доаѓаат во Тиквешијата да им понудат и забава, со цел ниту за момент, да не се почувствуваат здодевно.

– Помеѓу виновите лози во лозје на брегот кај Брушани, предвидена е играта со барање на шишиња со вино. Шишињата вино се всушност скриеното богатство што треба да се најде во лозовите насади. Кој ќе има среќа да си најде вино, тоа е негово. Вистинско винско богатство во шише, потенцира Арсовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија во портокалова фаза, препораки за граѓаните на пеколните температури

Следно

МВР казни вкупно 150 возачи вчера, дел од возачите се без возачка дозвола, дел се допишуваат на телефон додека возат.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian