Младите македонски ракометари ќе играат за петтото место на ЕП

1 min read

Младинците забележаа денеска триумф на Европскиот шампионат во Варна (Бугарија) откако беше совладан Луксембург со резултат 27:23.

Македонија на тој начин успеа да се избори за натпревар преку кој ќе се обиде да го освои петтото место на ЕП.

Најефикасен во нашите редови беше Михаел Тотиќ со пет голови, а еден помалку имаа Славчо Шулески и Теодор Тодески.

Се истакна и голманот Давид Брестовац со девет одбрани. На спротивната страна осум погодоци беа дело на Лука Кремер.

В недела нашите млади ракометари за петтата позиција ќе играат против Украина или Велика Британија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брнабиќ најсериозен кандидат за претседател на Собранието на Србија

Следно

Фановите на „Stranger Things“ ја помнат како Илевен: Мили Боби Браун ќе стане најплатената актерка во историјата помлада од 20 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian