Левандовски сѐ уште не е регистриран за каталонскиот клуб

1 min read

Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски, сѐ уште не е регистриран за каталонскиот клуб и нема право да игра на официјални натпревари за тимот од Ноу Камп, тврди германски „Билд“.

Германските медиуми потсетуваат дека шпанската професионална „Ла Лига“ има строги правила за регистрација на играчи.

Шпанските клубови не смеат неконтролирано да купуваат нови играчи.

„Билд“ тврди дека Барса не ги ни регистрирала Рафиња, Франко Кеси и Андреас Кристенсен, а новите фудбалери во моментов можат да играат за каталонскиот клуб само на пријателски мечеви.

Барселона мора да продаде неколку играчи за да го реши проблемот со финансиите и платите на играчите, а каталонскиот клуб планира да се откаже од Френки де Јонг и Мемфис Депај.

Барселона продаде дополнителни 15 отсто од ТВ правата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Автомобил влета во Егејското море, патниците сами излегоа

Следно

ВИДЕО | Лажно тирамису, поевтино од оригиналот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian