ХРВ: Руските сили вршат тортура врз воени затвореници и цивили во Украина

1 min read

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ги обвини руските вооружени сили за тортура врз воени затвореници и цивили во Украина.

Интервјуата со десетици луѓе во окупираните јужни региони Керсон и Запорожје открија 42 случаи во кои руските сили произволно затворале цивили или цивилите исчезнале. Некои немаа никаков контакт со надворешниот свет, а многумина беа жртви на тортура. Двајца од тројца воени затвореници починале, соопшти ХРВ.

– Руските сили окупираните територии во јужна Украина ги претворија во бездна на страв и неконтролирано беззаконие. Тортура, нехумано постапување, како и произволно притворање и незаконското затворање на цивили, се очигледни воени злосторства што ги документиравме, а руските власти мора веднаш да престанат со таквите злоупотреби и да сфатат дека можат да бидат повикани на одговорност, истакна Јулија Горбунова од ХРВ.

kurir.mk

Претходно

Ставен под контрола пожарот над беровското село Митрашинци

Следно

Рама му честиташе на Ердоган за постигнатиот Договор за извоз на украинското жито

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian