ФОТО+ВИДЕО: Поминаа 16 години од првата АТП титула на Ѓоковиќ

2 mins read

Од пред 16 години, 23 јули е посебен датум во животот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер тогаш како млад човек на 19 години и 32 дена ја освои својата прва АТП титула во Амерсфорт.

Во финалето на земјена подлога беше подобар од Николас Масу со резултат 2:0 во сетови 7:6(5), 6:4.

Малкумина можеа да претпостават дека ова ќе биде прва од 88-те титули за еден од најдобрите тенисери досега. Дури 21 титула на Грен слем турнирите засекогаш го запишаа во историските книги, како и 373 недели на врвот на АТП листата.

Ноле нема намера да застане, барем не во скоро време, па не е ни чудо што пензионирањето е една од забранетите теми во неговиот тим.

Сепак, да се вратиме на момчето на кое тогаш му предвидуваа голема кариера, бидејќи во финалето ги победи Масу кој беше деветти во светот, а пред тоа Пашански, Зиб, Жискел и Корија. Како награда за тоа го доби „Ајпод“, еден од најпознатите уреди за репродукција на музика во историјата. Денеска е меѓу експонатите во салата за трофеи Ѓоковиќ во Дорчол. Српскиот тенисер ги освои првите 250 АТП поени на еден турнир, како и 52.000 долари, што беше финансиска награда за победникот.

Видеото од финалето во холандскиот Амерсфорт можете да го погледнете ТУКА

Токму Амерсфорт години подоцна ја даде лиценцата на „Србија Опен“, кој за првпат беше организиран во 2009 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во поплавите во Иран загина 21 лице

Следно

ВИДЕО | Спилберг режираше музички спот со својот мобилен телефон: Погледнете го ова дело на оскаровецот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian