ФОТО: Пристигнаа американските нови оклопни возила за македонската армија

1 min read

Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби првиот контигент од лесните оклопни возила 6 ЈЛТВ од американско потекло.

Како што на Фејсбук објави министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигна првата испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

Фото; Фејсбук Славјанка Петровска

„Оваа испорака претставува сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица – напиша министерката Петровска на Фејсбук.

Фото : Оклопни возила 6 ЈЛТВ од американско потекло.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а до крајот на годината очекувсме да пристигнат уште 27 вакви возила.

Фото – Фејсбук : На пристаништето во Солун, Република Грција, пристигна првата испорака од лесни оклопни возила

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Болдвин и Депардје ќе снимаат филм на Косово – „Јас и Милошевиќ“

Следно

Ердоган: Во следните денови ќе почне извозот на жито преку Црно Море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian