ФОТО: Автомобил влета во Егејското море, патниците сами излегоа

1 min read

Грчката крајбрежната стража која била повикана на местото на настанот констатирала дека патниците во возилото, 78-годишен маж и 58-годишна жена, сами излегле.

Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, под засега неутврдени околности е влета автомобил, јавуваат грчките медиуми.

Службениците на крајбрежната стража веднаш излегле на местото на настанот со патролно возило, при што констатирале дека двајцата патници во возилото, 78-годишниот и 58-годишниот, сами излегле од возилото и не пријавиле повреди од инцидентот.

Автомобил влезе во Егејско море/Фото: Фејсбук

Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата Муданија при Централното пристаниште во Солун.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон: Поддршката за Украина продолжува и со новиот премиер на Британија

Следно

Левандовски сѐ уште не е регистриран за каталонскиот клуб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian