Динамо Загреб со „петарда“ го најави реваншот против Шкупи

1 min read

„Модрите“ ја забележаа и втората победа во најсилниот хрватски шампионат откако со 1:5 триумфираа над Славен Белупо.

Целиот натпревар за Динамо Загреб го одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, додека Аријан Адеми остана на клупата за резерви.

Водеа домаќините од втората минута со голот на Марина, но нивната радост кратко траеше, Динамо со 19 минута постигна три гола преку Батурина (7`), Оршиќ (15`) и Дрмиќ (19`).

Во второто полувреме Мишиќ се погрижи за 1:4 во 74 минута, а во 90 минута конечниот епилог го постави Шпикиќ.

Потсетување дека Динамо во вторник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје (21.00 часот) ќе го игра реваншот против нашиот првак Шкупи во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во првите 90 минути на стадионот „Максимир“ во Загреб резултатот беше 2:2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еди Рама : Можни се ресктрикции, немаме доволно струја

Следно

Скопско топло лето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian