Баербок не е за враќање на задолжителниот воен рок во Германија

1 min read

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок ја отфрла можноста за повторно воведување на задолжителниот воен рок во земјата, и покрај фактот што војната во Украина, како најсериозен конфликт во Европа во последните 70 години, трае веќе пет месеци.

Баербок смета дека воената служба нема смисла во безбедносните прашања, „особено не кога сме во ситуација кога одреден број луѓе – помлади, но и постари – велат: сакаме да се пријавиме“.

Првата германска дипломатка истакна дека во моментов нема доволно програми за обука и средства за сите оние кои сакаат да можат да служат во германските вооружени сили, пренесе ДПА.

Баербок овие коментари ги искажа во Минхен, на крајот од „ турнејата на слушање“, во која таа се обврза да ги слушне германските граѓани за безбедносните прашања што ги засегаат.

Турнејата се совпаѓа со подготовката на првата сеопфатна стратегија за национална безбедност која за германската Влада ја изработува Министерството за надворешни работи. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Тупанчевски: Испадна дека Струга е градот на затворски туризам, треба да се смени оваа апсурдна ситуација

Следно

Албански државјанин шверцувал суво овошје од Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian