Александар Вучиќ го одликуваше Андреа Бочели со Златен медал за заслуги пред концертот во Белград

1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со Златен медал за заслуги ги одликуваше реномираниот италијански тенор Андреа Бочели и португалската фадо пејачка Мариза дос Реис Нуњис.

Веста и фотографиите за тоа Вучиќ ги објави на инстаграм-профилот на budućnostsrbijeav.

„Ми претставува особена чест вечерва да му го доделам Златниот медал за заслуги на Андреа Бочели, еден од најголемите тенори на денешницата и уметник кој – преку уникатна и фасцинантна страст во интерпретацијата – на публиката ширум светот и подарува незаборавни емоции и спектакуларно доживување на музиката“, напишал Вучиќ.

„Златниот медал за заслуги и го доделив на Мариза, уметница со врвен талент, нереален глас и уметнички израз, величествена кралица на фадото, на чија харизма и изведба и се поклонува светската уметничка сцена“, објаснил претседателот на Србија.

Бочели синоќа настапуваше во Белград, а Мариза вечер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Нереален потег на Мбапе на дуелот против Урава Редс

Следно

Тупанчевски: Испадна дека Струга е градот на затворски туризам, треба да се смени оваа апсурдна ситуација

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian