Јакимовски : Мицкоски и асистира на власта во предавствата на Македонија

2 mins read

Градоначалникот на Карпош и првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски вели дека власта не прави фарса во однос на политиките кои ги води на државата кои според него се предавнички особено со договорот со Бугарија.

Она што е интересно е што фарсата е кај опозицијата, односно кај Христијан Мицкоски и опозицијата бидејќи тој според Јакимовски ВМРО-ДПМНЕ и асистира на власта во предавствата на Македонија и народот.  Ова меѓудругото го напиша на Фејсбук Стевчо Јакимовски и го повика Христијан Мицкоски да ги одбие уставните промени за внесување на бугарите во Уставот.

-Значи СДСМ ни е јасен како ден, фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски, не е фарсата во СДСМ. СДСМ ни е јасен, зошто СДСМ прави фарса? Значи нивната цел е јасна, они се спремни сите предавства да ги направат, е сега проблемот е што овој им асистира во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија – пишува Јакимовски.

Тој во исто време го запрашува и лидерот на опозицијата Мицкоски дали ќе одговори на прашањето зошто месец ипол однапред направил протест кој беше десет дена пред објавувањето на бугарскиот предлог, за да кулминацијата се достигне десет дена пред тоа и после тоа тие протести да останат само фарса.

– Мојот предлог беше да направиме еден голем протест на којшто ќе имаме најмалку шест – седумдесет илјади луѓе, да донесеме 700 – 800 автобуси. Скопјани сакаат да излезат. Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, ама еве тој го угуши тој набој кај народот што го имаше, јас сум сигурен дека ако одеше толку народ они ќе се повлечеа, ама очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност на Мицкоски – пишува Јакимовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фаталната Ава Гарднер: Најголемата љубов на Френк Синатра и Ернест Хемингвеј

Следно

Ѕвездата од „Baywatch“ им одговори на оние кои мислат дека е престара за да носи бикини: Ќе правам што сакам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian