Зоран Марјановиќ осуден на 40 години затвор за убиството на сопругата, српската пејачка Јелена Марјановиќ

3 mins read

Убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ пред шест години ги потресе нејзините обожаватели, но и целиот регион, а денеска доби и судски епилог.

Јелена беше убиена на 2 април 2016 година, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено во канал во населбата Црвенка во Србија.

Нејзиниот сопруг Зоран беше единствен обвинет, а денеска е осуден за убиство во Вишиот суд во Белград. Изречена му е затворска казна во траење од 40 години и притвор по изрекувањето на пресудата, јавува „Блиц“.

Вишиот јавен обвинител во Белград, Ненад Стефановиќ, е целосно задоволен од првостепената пресуда со која обвинетиот Зоран Марјановиќ денеска беше осуден на максимална затворска казна од 40 години за убиство на неговата сопруга Јелена Марјановиќ на злобен и подмолен начин на 2 април 2016 година, на насипот во Борча, пишува „Курир.рс“.

– Судот во целост ги усвои предлозите на обвинителството и правилно ги оцени сите докази на обвинителството, така што јас сум целосно задоволен од пресудата, висината на казната и одлуката со која судот му одреди притвор – рекол Стефановиќ.

Тој особено истакнал дека пресудата е донесена едногласно од петчлен судски совет составен од двајца судии и тројца судии поротници.

Да потсетиме, пејачката исчезнала на 2 април 2016 година додека трчала покрај насипот, а нејзиниот сопруг Зоран вечерта го пријавил нејзиното исчезнување. Телото на Јелена било пронајдено следниот ден во каналот. Српски „Информер“ од својот извор добил информација дека Јелена и Зоран се скарале на 2 април бидејќи Јелена барала развод и сакала да се исели од куќата.

Јелена и Зоран се расправале и во еден момент дошло и до физичка пресметка. Зоран ја удрил Јелена, а таа се онесвестила. Кога дошла при свест, се нафрлила на Зоран, тој ја оттурнал, а потоа тој или некој од домашните со тап предмет ја удирал Јелена по главата сè додека не ја убил. Истражителот, според информациите од изворот на Информер, тврдел дека Јелена не била убиена во каналот туку била донесена таму.

– На лицето немаше многу крв и тоа укажува дека е убиена на друга локација. Убиецот имал најмалку еден помошник и некој ѝ ги исчистил прстите и рацете за да ги отстрани биолошките траги на убиецот. Претпоставката е дека Јелена е убиена во бањата од куќата, а убиецот, со нечија помош, ја завиткал во тепих и ја фрлил во каналот – тврди изворот.

Српските медиуми пишуваа и дека помошник на Зоран бил неговиот татко Владимир, кој подоцна во јавноста излезе со приказната дека Јелена не ја убил неговиот син туку богат тајкун кој ѝ бил љубовник.

Шокантната истрага не го загрижи премногу Зоран, кој додека полицијата се обидуваше да го расветли злосторството, се пријави во популарното српско реално шоу „Задруга“ за да им докаже на сите дека не е убиец.

Започнува судењето на деценијата во Србија: Ќе му се суди на Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата Јелена (ФОТО)

Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фернандо Алонсо: Хамилтон е легенда, ќе ја вози својата 300. трка

Следно

Нови 779 ковид-случаи, четворица починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian