ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло време, температури над 40 степени

1 min read

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во некои делови од земјата ќе се искачат над 40 степени. УВ зрачењето е 9. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен. Максималната температура се движи од 30 до 41 степен во јужните делови од земјата.

Во Скопје сончево и многу топло време со температури од 18 до 39 степени.

Времето утре ќе биде исто така сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во наредните три дена се очекува температурите да се искачат до 41 степен.

На сила остануваат препораките од владата за ослободување од работа на бремените жени и повозрасните лица, да не се работи на отворено во текот на топлотниот бран и да не се излегува без потреба во временскиот период од 10 до 17 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дани Алвеш си најде нов клуб, од потпис го делат само лекарски прегледи

Следно

Дневен хороскоп за 22 јули: Бидете трпеливи и не избрзувајте со реакциите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian