Внукот на Рики Мартин ги отфрли обвиненијата за инцест: Судијата ја укина забраната за приоѓање

2 mins read

Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Џадиел Санчез, ги отфрли обвиненијата за инцест, пренесува „NBC News“. Денис „доброволно“ се откажал од случајот и судијата ја укинал наредбата за привремена забрана за приоѓање, изјави портпаролот на судот.

„На виртуелното судско рочиште, внукот доброволно се откажа од обвинението и рече дека повеќе не му е потребна наредба за заштита“, рече портпаролот на судот. Расправата не беше отворена за јавноста.

Наредбата за привремена забрана за приоѓање, која истекуваше вчера нема да биде обновена, а беше издадена на 1 јули според Законот за спречување и интервенција на семејно насилство на Порторико, откако внукот на славниот латино пејач тврдеше дека имал романтична врска со Рики Мартин и дека „се плаши за неговата безбедност“.

Рики Мартин обвинет за инцест со внукот, на пејачот му се заканува казна затвор до 50 години

Мартин и Денис присуствувале на сослушувањето, а адвокатот на пејачот рече дека Рики бил подготвен директно да му се обрати на судијата на сослушувањето и да негира дека имал романтична и сексуална врска со неговиот внук. Ако имало тужба, Мартин исто така имал намера да ги оспори наводите дека го демнел и малтретирал својот внук.

Денис го обвини Рики за физичко и психичко малтретирање

Да потсетиме, пред неколку дена внукот изјавил дека претрпел физички и психички напади за време на седуммесечна врска со Мартин. Портпаролот на Рики веќе ги нарече лажни наводите за злоупотреба и инцест, а се огласи и неговиот адвокат. Тој рече дека Рики никогаш немал никаква сексуална или романтична врска со својот внук.

„За жал, лицето кое го изнесе ова тврдење се бори со длабоки ментални проблеми. Рики, се разбира, никогаш не бил и никогаш не би бил вклучен во каква било сексуална романтична врска со својот внук. Ова не само што е невистинито, туку и одвратно“, изјави адвокатот Мартин Сингер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убава вест: Михаел Шумахер гледа трки во Формула 1

Следно

Неколку активни пожари, гори во беровско, кумановско и штипско

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian