Викторија Спенџарска Стин ни подготви енергетски топчиња со брусница и бадеми

2 mins read

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни подготви банана „сладоледи“: Освежителна ужинка готова за 5 минути!

Денес Викторија споделува рецепт за енергетски топчиња со брусница и бадеми.

„Од моментот кога купив шарени трошки во глава ми се мотаат енергетски топчиња и конечно им дојде редот да ги направам. Толку се лесни и едноставни што може да си ги направите заедно со децата. Љубљана и Емона многу се радуваа и мислеа дека се подготвуваме за роденденска забава“, вели Вики.

Потребни состојки:

– 1 шолја бадеми
– 1/3 шолја овес
– 15 урми
– 1/3 шолја сува брусница
– 1/4 лажичка ванила прашок
– прстофат сол

За декорација:

– црно и бело чоколадо
– шарени трошки

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во блендер се мелат бадемите и овесот додека да се добие брашно. Се додаваат и другите состојки и се пулсира додека да се добие леплива хомогена смеса. Со навлажнети раце се формираат топчиња и се редат на хартија за печење па се ставаат во замрзнувач да се стегнат. Во меѓувреме се топи чоколадото и секое топче се прелева со чоколадо па се ставаат трошки за декорација.

Совет: За полесно да се формираат топчиња може да ја ставите смесата 20-тина минути во фрижидер да се стегне.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Абердин го дочека Миовски, македонскиот репрезентативец пристигна во Шкотска

Следно

Мицкоски незадоволен од истрагата: За опожарените возила во Прилеп се гонат лица кои немаат врска со случаите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian