ВИДЕО | „Преслатко“: Кога ѝ треба одмор, мачка ги носи своите мачиња на чување кај куче

1 min read

Мачка толку многу му верува на семејното куче што му дозволува да ги чува нејзините мачиња. Сцената е навистина преслатка и со сигурност ќе ве разнежни.

Можеби станува збор за неконвенционална ситуација, но функционира. Тиктокерката @ljayne7 сподели видео од нејзиното куче Тоби како ѝ помага на мачката да се грижи за нејзините малечки маченца. Секогаш кога ќе ѝ „здосади“ да се грижи за нејзините шест мачиња, мачката знае на кого да се обрати за помош.

„Ги носи своите мачиња кај Тоби секогаш кога ќе ѝ затреба малку пауза“, стои во описот на видеото кое е прегледано повеќе од 12 милиони пати.

Во видеото се гледа како мачката ги носи мачињата во уста до перницата каде Тоби се одмара. Сите ги става блиску до неговото тело. Потоа легнува на другиот крај од перницата „да земе здив“.

Погледнете ја симпатичната сцена:

@ljayne7 She brings her kittens to Toby when she needs a little break 🥹#rescuecat #dogsofttiktok #catsoftiktok #kittens #fyp ♬ _Cute – Gabe Lost

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Прекин на огнот без враќање на териториите само ќе ја продолжи војната

Следно

ШОК ЗА ЧОВЕЧКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА! НАСА објави фотографии од најдлабоката вселена, неверојатното откритие на телескопот Џејмс Веб, ова човечко око не го видело (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian