ВИДЕО | Остварување на сонот: Кијану Ривс како Бетмен?

1 min read

Киану Ривс сака да се приклучи на ексклузивната листа актери, Роберт Патинсон, Кристијан Бејл, Џорџ Клуни, Бен Афлек, Мајкл Китон и други со тоа што ќе скокне во костимот на Бетмен.

Ривс неодамна му го позајми гласот на Бетмен во филмот „DC League of Super Pets“, а тој на новинарката на телевизијата „Ekstra“ и открил дека со задоволство би се согласил да ја игра улогата на Бетмен доколку му понуди компанијата „Warner Bros“.

„Го сакам ликот на Бетмен“ и како дел од стриповите, но и како лик од филмското платно“ – изјавил актерот.

Но, актерот по неговиот одговор воочил дека тоа можеби не е реално во моментот, бидејќи „Роберт Патинсон завршил одлична работа“.

„Можеби некогаш во иднина. Можеби кога ќе има потреба од малку постар Бетмен“, истакнал Ривс.

Киану Ривс има 57 години. Доколку ја добие улогата на Бетмен, тој би бил еден од најстарите актери кои го толкуваат овој суперхерој. Сепак, тој не би бил најстар. Таа титула сепак би ја задржал Мајкл Китон, кој според последните информации би требало повторно да го глуми Бетмен во филмот „The Flash“, кој наскоро ќе пристигне во кината. Китон има 70 години, па ќе биде најстариот Бетмен на филмското платно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Аргентински репрезентативец мора што поскоро да се разведе ако сака да игра на СП во Катар

Следно

Под контрола се сите пожари во земјава, соопштија властите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian