ВИДЕО: Хемофилтрацијата во „Жан Митрев“ се користела како „волшебен“ третман, вели сега Сали

2 mins read

По објавувањето на документарецот „Нечиста крв“ од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), министерот за здравство Беким Сали вечерва беше гостин во ИРЛ и зборуваше за наводите за злоупотреби со третманите за хемофилтрација во клиниката „Жан Митрев“.

Сали, гостувајќи во подкастот „Разговор во Редакција“, рече дека хемофилтрацијата во клиниката „се користела како „волшебен“ третман за каков било проблем во организмот“.

„Стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи“, рече Сали.

Министерот, ден по објавувањето на документарниот филм, рече дека се иницирани инспекции во клиниката, но и дека за спорната студија со пациентите на хемофилтрација не треба да се користи зборот „експеримент“, кој според Сали е „тежок збор“, и јавноста „не треба да биде лошо насочена“.

ИРЛ – Принтскрин

Од клиниката, преку соопштение денеска порачаа дека ги охрабруваат сите инспекциски органи да ги извршат потребните контроли.

„Ќе им биде доставена целокупната документација со која располагаме, со цел надлежните стручни органи да ги побијат сите невистини и небулози кои беа изнесени во јавноста“, велат меѓу другото од „Жан Митрев“.

Жан Митрев Клиника

„Во нашата здравствена установа се лекувани голем број на пациенти од КОВИД-19, а само кај дел од нив е користена хемофилтрација, по оцена на одговорните лекари за секој конкретен случај одделно. На пациентите кај кои не е вршена хемофилтрација им се вратени претходно авансираните парични средства за хемофилтрација, за што постои уредна книговодствена документација. Навистина не ни е јасно зошто не се пишува за сите оние успешно излекувани пациенти од КОВИД – 19 кои биле примени со најтешка клиничка слика, а токму поради лекувањето со хемофилтрација нивните животи биле спасени“, се додава во соопштението од „Жан Митрев“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ла Лига не се откажува, бара од судот во Париз да го поништи договорот на Мбапе со ПСЖ

Следно

Дневен хороскоп за 23 јули: Мора малку посериозно да размислувате за вашата иднина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian