Убава вест: Михаел Шумахер гледа трки во Формула 1

2 mins read

Здравствената состојба на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер е подобра и Германецот дури гледа трки во Формула 1, тврди поранешиот претседател на Светската автоболистичка федерација и екс директор на Ферари, Жан Тод.

Во времето кога Тод беше прв човек на италијанскиот тим, Шумахер освои пет титули по ред во Ф1 (2000-2004), а Французинот е еден од ретките луѓе што имаат дозвола од семејството на Германецот да го посетуваат во неговиот дом. Шумахер во 2013 година доживеа тежок пад додека скијаше на француските Алпи и неговото здравје оттогаш претставува мистерија за јавноста и фановите на Германецот.

Сега, Тод изјави дека состојбата на Михаел е подобра и тој дури гледа трки во формула 1.

– Не ми недостасува Михаел бидејќи можам да го гледам, но ми фали тоа што го правевме заедно во минатото. Точно е, гледамае трки заедно – откри Тод и ги воодушеви Ф1.

Тод откри дека два пати месечно го посетува Германецот.

– Не го оставам сам. Михаел, Корина и семејството имаа многу заеднички искуства. Убавината на искуството е тоа што се продолжува. Понекогаш парите и успехот ве менуваат, но Михаел никогаш не се промени – додаде Тод.

Доказ дека Жан Тод се грижи за семејството на Михаел е тоа што тој лично ги однесе сопругата и ќерката на Шумахер, Корина и Џина да примат награда во Келн во име на Германецот.

Изјавите на Тод доаѓаат само неколку дена откако во јавноста се огласи поранешниот менаџер на Михаел, Вили Вебер кој ја обвини Корина Шумахер дека лаже за здравствената состојба на седумкратниот шампион и не му дозволува да го посети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства

Следно

Внукот на Рики Мартин ги отфрли обвиненијата за инцест: Судијата ја укина забраната за приоѓање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian