Тајна состојка поради која останува свеж со денови: Млечен леб по кој светот полуде

1 min read

Рецептите за домашен леб се секогаш добар избор доколку сакате да го израдувате вашето семејство со нешто вкусно. А, бидејќи останува свеж со денови и лесно се прави, тоа е вистински погодок!

Состојки:

– 3 лажици вода
– 3 лажици млеко
– 2 лажици брашно
– 300 грама брашно
– 1 ќесичка квасец
– 2 лажици млеко во прав
– 1 лажичка сол
– 100 милилитри млеко
– 1 јајце
– 60 грама путер

Подготовка:

Во што е тајната на овој леб? Се рашири низ интернетот како гром, а потекнува од Јапонија. Таму во квасецот се додава „тангжонг“, мешавина од млеко, брашно и вода што го прави лебот неверојатно мек.

Прво измешајте ги првите три состојки во тенџере и варете со мешање три до пет минути. Кога ќе добиете густа смеса, префрлете ја во сад и оставете да се излади.

Измешајте ја смесата со сите останати состојки и изматете ја со миксер, па потоа месете ја со рака додека не добиете мазно, еластично тесто. Оставете го да нарасне додека не се удвои, потоа поделете го на 6 дела и оставете го повторно да нарасне околу 40 минути. Загрејте ја рерната на 180 степени, наредете ги топчињата тесто во калап и притиснете да добиете облик на лебот, поради путерот лесно ќе се одвои.

Премачкајте со изматено јајце и печете околу 25-30 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Момент за историја: Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј ќе играат во ист тим

Следно

Акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian